More

    СЗО го одржува првиот самит за традиционална медицина

    spot_img

    Денеска Светската здравствена организација (СЗО) го одржува првиот самит за традиционална медицина, со предупредување дека третманите базирани на природни производи можат да бидат ефикасна алтернатива за здравствената заштита само доколку се научно докажани.

    Традиционалната медицина е „првото пристаниште за милиони луѓе ширум светот“, соопшти здравствената агенција на ОН.

    Самитот во Индија ги собра политичарите и научниците со цел „мобилизирање политичка посветеност и акција заснована на докази“, вели СЗО.

    Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пред самитот рече дека традиционалната медицина може да ги пополни „празнините во пристапот“ до здравствената заштита, но дека е вредна само ако се користи „соодветно, ефикасно и пред сè, безбедно врз основа на најновите научни докази“.

    Дводневниот Светски самит за традиционална медицина на Светската здравствена организација се одржува во исто време со состанокот на министрите за здравство на Г-20 во индискиот град Гандинагар.

    „Сè понапредната наука за традиционалната медицина треба да се држи до истите ригорозни стандарди како и другите области на здравјето“, рече шефот на истражувачката програма на СЗО, Џон Ридер.

    Индискиот премиер Нарендра Моди, кој ќе ја отвори конференцијата на СЗО со видео порака, во неколку наврати ги промовираше здравствените придобивки од јогата, поздравувајќи ја како „панацеа“ за стрес, па дури и омраза.

    Во иднина самитот ќе се одржува еднаш годишно, а минатата година во индиската држава Гуџарат беше отворен Светскиот центар за традиционална медицина на СЗО.

    Недостаток на регулаторен надзор
    Иако традиционалните лекови се широко користени во некои делови од светот, нивната употреба е предмет на жестоки критики.

    Здравствената агенција на ОН ја дефинира традиционалната медицина како знаење, вештини и практики кои се користат за одржување на здравјето и спречување, дијагностицирање и лекување на физички и ментални болести.

    Но, многу традиционални третмани немаат докажана научна вредност, а критичарите велат дека тие ја поттикнуваат неконтролираната трговија со загрозени животни, вклучувајќи тигри, носорози и панголини, што го загрозува опстанокот на некои видови.

    Употребата на домашни лекови вртоглаво порасна за време на пандемијата „Ковид-19“, вклучително и зелен хербален пијалок базиран на артемизија што претседателот на Мадагаскар го промовираше како лек.

    Растението има докажана ефикасност во лекувањето на маларијата, но многу лекари ја отфрлаат неговата употреба во борбата против Ковид.

    Во Кина, традиционалната медицина има истакната историја, но врвните европски медицински тела претходно бараа таа да биде предмет на истиот регулаторен надзор како конвенционалните западни методи.

    Од 194 земји-членки на СЗО, 170 ја признаа употребата на традиционалната и комплементарната медицина од 2018 година, но само 124 изјавија дека имаат закони или прописи за употреба на хербални лекови.

    Само половина од земјите имаат национална политика за вакви методи и лекови.

    „Природното не секогаш значи безбедно, а вековната употреба не се гаранција за ефикасност. Затоа, мора да се применат научни методи и процеси за да се обезбедат ригорозни докази што се потребни“, велат од СЗО.

    Околу 40 отсто од одобрените фармацевтски производи кои моментално се користат се базираат на „природни производи“, според СЗО, која наведува „важни лекови“ добиени од традиционалната медицина, вклучувајќи го и аспиринот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img