СВР Штип расчисти пет тешки кражби, две лица приведени, пронајденото вратено на сопствениците

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија пет кривични дела „тешка кражба“ извршени од товарно возило, магацин, модуларна болница при Клиничката болница Штип и киоск на територијата на општина Штип, од кои две биле извршени во октомври минатата година, додека три на почетокот на март годинава.
Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.М.(34) и СС.(26) двајцата од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share This Article