Од како Охридскај обзнани за немилиот настан пред ноќен клуб во Охрид ,каде полициски инспектор заедно со уште двајцаобезбедуваќи на ноќниот нклуб, со кундак од пиштол претепал брачна двојка и од кога СВР Охрид до моментот на објава на Охридскај немала превземено никакви активности за разоткривање на настанот,пресуден момент беше објавата ,за конечно некој во СВРОхрид да се фати да расчисти со напајѓачите!
Прва објавена вест во Македонија:Полициски испектор-обезбедувач во ноќен клуб, со кундак од пиштол претепал брачен пар во Охрид,СВР Охрид сака да го заташка случајот???
Од како Охридскај обзнани ,започнаа телефонските повици до уредникот ,со тоа како да ни објанат ,дека ете ние не смееме да објавуваме додека течела полициска акција,полицијата работела и др. дрн дрн јарина!
Потоа следуваше известување од СВР Охрид испратено преку портпаролот Стефан Димоски (патем тоа е она лице кое не смеело да контактира со новинари ,според раководството на СВР Охрид,ама може да прајќа известувања до новинари !!),со кое го потврдуваат настанот кој го обзнани Охридскај,дури и станици започнале да пишуваат!!!
„На 12.11.2023 околу 13 часот, во СВР Охрид повикани се А.Т. и К.С. двајцата од Охрид. Тие, се сомничат дека заедно со уште едно лице од Охрид, во 02 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ја нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид. Тие, според пријавата од Итната медицинска помош Охрид, добиена во СВР Охрид во 05.30 часот, побарале помош во службата за Итната медицинска помош во Охрид а потоа, биле пренесени во Општата болница каде, кај Д.Ј. биле констатирани тешки телесни повреди. Околу 10.30 часот во СВР Охрид, Б.Ј. и лично го пријави настанот. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава“.
ПРИНУДНА УПРАВА НА СВР ОХРИД МУ Е МАЈКАТА ,СО СЕНА НА КОМПЛЕТНА ПОЛИЦИСКА СТРУКТУРА.
И во претходната објава појаснив како законски треба да делува полицијата,кога пријава за настан ќе добијат од страна на дежурен лекар од ИМП или Болница.
Доколку и според пријавата од Итната медицинска помош Охрид, добиена во СВР Охрид во 05.30 часот,како што потенцира СВР Охрид во своето соопштение до јавноста , се поставува отворено прашањето – Што работеле од страна на СВР Охрид од 05.30 часот, до 14 часот??? Зошто од моментот на пријавата од страна на дежурен лекар во 5:30 часот истите чекале или да го затскријат случајот или можеби онака неделно да поине викендот?!!!
За нешатат да бидат појасни : СВР Охрид цели 4 години функционира како „акционерско друштво“ , каде примат има личниот бизнис интерес ,отколку бебзедноста на имотот и граѓаните на Охрид ,Струга ,Кичево, Дебар….
Буквално скоро во секој сегенд од сторените кривични дела -Насислтво,трговија со наркотици , вклучен е полициски службеник припадник на СВР Охрид.Доколку некој се запраша од каде толку опијати во слободен оптек,а нарочито Кокаин во Охрид и Струга,одговорот на истото прашање доведува до полициски службеник.
Свеж е примерот ,кога 4 УПС од СВР Охрид беа испратени во Скопје на крвна анализа.Истите тие кои беа испратени со службено возило, експресно на превојот „Стража“ се разболуваат и се јавуваат во болницата во Кичево,на сите наеднаш им се слошило во возилото, и норално од крвната анализа едно големо НИШТО!!!
Главно обебзедување на кафиќи, ноќни клубови, ресторани, плажи и во секој сегмент на угостителството во Охрид, повторно полициски службеници и никого мрава не го лази…..
Крајно врее е да се постави принудна управа во СВР Охрид ,со комплетна промена на полициската структура,макар биле доведени од Кратово, Радовиш итн,а најдобро би било малку да се ангажира како принудна управа и специјалната единица на МВР -Тигар.
Се додека на некој од задникот не му влезе во главата дека ,генератори на криминалот во Охрид се токму поголем дел на нечесни полициски службеници,ќе имаме за 7 дена ,7 насилства со тешки телесни повреди и секако по некој грам запленета марихуана за уметнички дојам ,демек дечките нешто работат,а Коакинот се ваља на секој чекор,а истиот го носат униформирани полициски службеници, со службени возила.
Сашо Денесовски-Лично