More

    Своите производи ќе ги претстават 74 винарии и производители на храна од земјава

    spot_img

    Вкупно 74 винарии и производители на храна од земјава ќе се најдат меѓу 600 излагачи на вино и храна од 30 земји на вториот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на отворениот Балкан“ кој во Белград започнува денеска и ќе трае до недела, 19 ноември.

    Од останатите земји на Отворен Балкан, поточно од Србија на саемот ќе има 260 изложувачи, а од Албанија 21.

    На саемот ќе бидат претставени винарии, дестилерии и гастрономски компании. Денеска тој е посветен на професионалните клиенти и гости, а од утре до недела ќе биде отворен и за граѓаните.

    И оваа година ќе се одржи натпреварот „Отворен балкански вински трофеј“ на кој повеќе од 600 вина од регионалните винарии ќе бидат оценувани од 30 судии од целиот свет, според истите стандарди како и на најпознатите светски вински натпревари. како што се Decanter WWA и IWC London .

    Излагачите ќе презентираат вина во 6 хали, со 2 дополнителни хали за гастрономија, на повеќе од 44.000 квадратни метри изложбен простор.

    Саемот се одржува под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија и се очекува да го надмине успехот на првиот настан што го позиционираше Белград на светската мапа на вински туризам.

    На отворањето на саемот денеска ќе присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски и министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за транспорт и врски Благој Бочварски.

    Под покровителство на Владата и во организација на премиерот Ковачевски, ќе се одржи настан „Македонска вечер“, во рамки на кој ќе има дегустација на македонски вина и храна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img