More

    Свлечиште кај Мостар однесе три возила во Езеро

    spot_img

    Во каменоломот на мостарската компанија ХП „Инвестинг“ при минирање на каменолом во реката завршила поголема количина камен, поради што вчера во 18.30 часот настанало свлечиште кое предизвикало три автомобили да паднат во езерото, потврдија за Бљесак.инфо од МВР на БиХ.

    „Во езерото се гледаат два автомобили, а третиот се претпоставува дека е или на дното на езерото или под одронот“, изјавиле од босанската полиција.

    Прво беше објавено дека едно лице завршило во болница, а денеска босанските медиуми јавуваат дека две лица се повредени.

    „При падот поголема количина карпи ги затрупа автомобилите кои беа на патот, два автомобили завршија во реката, додека по еден автомобил се трага, бидејќи не се знае дали е под одронот или во вода. За среќа, автомобилите се во сопственост на планинари кои не биле во нив во моментот на несреќата. Според досегашните информации, нема човечки жртви“, соопшти ФУЦЗ.

    Две лица се повредени, од кои едното се наоѓало во чамец кој се превртел кога одронот паднал во реката, при што дошло до покачување на нивото на водата и голем бран. Во моментот на несреќата на брегот се наоѓало уште едно повредено лице. На двете лица им е укажана лекарска помош.

    Полицијата го обезбедува местото на несреќата, истрагата била прекината во текот на ноќта и продолжила во раните утрински часови, пишува Радио Сараево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img