Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ дваесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 11.04.2023 година ( вторник ) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
-
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување отпадни води за 2022 година на ЈП „Нискоградба“ – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за задолжување со наменски кредит на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување член во Управниот одбор на ЈП„Охридски комуналец“- Охрид.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2023 година (Н1).
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2023 година (Н2).
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1).
- Предлог-програма за измени на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата ЈН урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година.
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за утврдување на надоместок и регулирање на постапката за одобрување на прекопи за поставување на инсталации во патна мрежа, како и за прекумерно користење на истата.
- Предлог-oдлука за измени и дополнувања на одлуката за пренесување на правото за објавување на јавен оглас за давање на простор за поставување урбана опрема.
- Предлог-одлука за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Охрид од сите ризици и опасности.
- Предлог-одлука за усвојување на Процената на загрозеност на општина Охрид (административна зграда) од природни непогоди и други несреќи.
- Предлог-одлука за донесување План за заштита и спасување на општина Охрид (административна зграда) од природни непогоди и други несреќи.
- Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Општинска организација – Сојуз на борци Охрид и Дебрца.
- Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Државен санитарен и здравствен инспекторат Охрид.
- Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Државен инспекторат за труд – Подрачно одделение Охрид.
- Предлог-одлука за давање на трајно користење на специјално комунално возило марка „TOYOTA“ – сопственост на општина Охрид на ЈП Нискоградба Охрид.
- Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 3 и ГП 2 во ДУП за дел од УЗ 16-Рача дел од УБ 16.3 – опфат 3 – Охрид во КО Велестово, општина Охрид со тех.бр. 17/21 од Декември 2022 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид.
- Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на ГП 3.21, ГП 3.21а, ГП 3.22 и ГП 3.33 ДУП за 6-та УЗ дел од УБ 6.1 опфат 1-Охрид, во Охрид 2, општина Охрид со тех.бр. 02/22 од Март 2023 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид.
- Предлог одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за формирање на една градежна парцела од ГП 3.18 и ГП 3.19 во ДУП урбана заедница 9 урбан блок 9.2 – Охрид, општина Охрид со тех.бр. 23/22 од Февруари 2023 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1564/2 КО Лескоец.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.722 КО Свињишта.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.832/1 КО Охрид 4.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2350/1 КО Охрид 4.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1323 КО Велестово.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1007 КО Лескоец.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 543, КП.бр. 546 и КП.бр. 545/2 КО Ливоишта.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 2105/1 КО Долно Лакочереј.
- Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП.бр. 2803/2 КО Елшани со бр. 08-15397/59 од 15.11.2022 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев