Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ дваесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 21.02.2023 година (вторник) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог-одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.
2. Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за извршување на буџетот на општина Охрид за 2023 година.
3. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година.
4. Предлог-одлука за измени и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2023 година.
5. Предлог-одлука за субвенционирање трошоци за потрошена електрична енергија на ЈП„Водовод“ – Охрид.
6. Предлог-одлука за давање согласност на измените на годишниот План за вработување на општина Охрид за 2023 година.
7. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на времено користење недвижен имот на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.
8. Предлог-одлука за формирање на Совет за женско претприемништво на општина Охрид.
9. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за отпис и расходување на основни средства во сопственост на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.
10. Предлог-одлука за подигање спомен – обележје за Стојан Шутев, Тасе Василев и Коле Јанев, од с.Завој, загинати за време на Илинденското востание.
11. Предлог-одлука за прифаќање донација на движни ствари – опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид.
12. Предлог-одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.
13. Предлог-одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.
14. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 541/4 КО Велгошти.
15. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1335 КО Љубаништа.
16. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1814/1 КО Лескоец.
17. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2374 КО Лескоец.
18. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2493/1 и кп.бр. 2493/2 КО Коњско.
19. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2632/1 КО Долно Лакочереј.
20. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1437/1 КО Лескоец.
21. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1571 и кп.бр. 1637 КО Опеница.
22. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2119 КО Велестово.
23. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 5928 КО Охрид 4.
24. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 6097/1 КО Охрид 4.
25. Предлог-одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 1540 КО Рамне.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев