More

    Свикан нов Конгрес на Алијанса на Албанците

    spot_img

    Лидерот на Алијанса на Албанците, Арбан Таравари,  за вечерва закажа Конгрес на партијата на кој го разреши Зијадин Села, кој е поранешен претседател на партијата и актуелен прв човек на Централното собрание.

    Во партијата, која е дел од владејачкото мнозинство, има раскол, откако Таравари се приклони кон партиите кои се дел од албанскиот опозициски блок, а Села не се согласува со неговиот став.

    Таравари вчера најави и дека ќе биде кандидат на албанската опозицијата за претседател на државата.

    Зијадин Села се спротивстави на идеите на Таравари и минатиот викенд иницираше негова смена. Села закажа Конгрес на 18 февруари на кој ќе се расправа за разрешување на Таравари.

    По расколот во Алијанса беа сменети двајца министри, кои се од крилото на Таравари, министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за администрација и информатичко општество, Азир Алиу.

    Приврзаниците на Таравари, денеска на прес -конференција обвинија дека Села на собирот минатиот викенд го прекршил партискиот статут и дека затоа одлуките што ги донел се нелегитимни. Од крилото на Таравари велат дека печатот на партијата е кај нив, а Села немал мнозинство за разрешување на Таравари.

    – Пред вас ги имам изјавите дадени на нотар од 70 членови кои изјавуваат дека не учествувале на Собранието одржано на 10 февруари годинава. Со ова можеме да заклучиме дека Собранието одржано на 10 февруари немаше двотретинско мнозинство за да се свика Конгресот на 18 февруари. Собранието одржано на 10 февруари немаше ниту половина од членовите, така што Собранието е нелегитимно – рече адвокатот на Алијанса за Албанците, Абидин Абдули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img