More

    Светско пливање е новото име на организацијата

    spot_img

    „Светско пливање” е новото име на светската организација во пливачки спортови која од 1908 година до денес беше позната како Меѓународна пливачка федерација (ФИНА). 

    Одлуката за промена на името е донесе на вонреден конгрес на Извршниот одбор на организацијата во Мелбурн. 

    Слична промена пред три години направи и светската атлетска организација која дотогаш беше позната под името Меѓународна федерација на атлетски спортови (ИААФ), а денес делува под името „Светска атлетика”. 

    Претседателот на Светското пливање Хусаин Ал – Мусалам рече дека отсега за прв пат сите спортисти кои се занимаваат со пливачки спортови ќе бидат обединети „под еден бренд”. 

    „Потребно ни е име кое го претставува целото семејство на ФИНА, име кое со гордост ќе можат да го користат нашите претставници од уметничкото пливање, скокачите во вода и ватерполистите”, изјави Ал – Мусалам. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img