Светските медиуми и јавноста со денови зборуваат за трагичната смрт на пејачот на „Уан дирекшн“ Лиам Пејн, а прашањето кое останува отворено е причината за неговата смрт.
Како што наведуваат странските медиуми, сè укажува на тоа дека пејачот бил сам во моментот на неговата смрт, но се истражува и „можната вмешаност на трето лице во претходните настани“.
На социјалната мрежа Инстаграм сега е објавено видео од една инфлуенсерка која откри дека пејачката Бијонсе била во хотелот „СурКаса“ во Аргентина за време на трагичната смрт на Лиам:
„Девојката на Лиам пред неколку дена беше фатена како оди по улица со маица со ликот на Бијонсе. Она што е застрашувачки е што фотографијата е направена откако се дозна дека Бијонсе се наоѓала во истиот хотел во кој престојувал Лиам Пејн, кој набргу потоа почина“, вели инфлуенсерката.
„Да, Бијонсе престојуваше во истиот хотел, во исто време кога и Лиам пред својата смрт. Мислам дека девојката на Лиам или Бијонсе немаат никаква поврзаност со неговата смрт, но морам да признаам дека е чудно како Бијонсе секогаш е вмешана во најчудните и најбизарните ситуации кои се случиле во Холивуд“, рече таа.
Да потсетиме, по апсењето на раперот Пи Диди, Бијонсе заедно со сопругот Џеј Зи се најде во центарот на случувањата. Имено, таа присуствуваше на повеќето забави кои ги организираше озлогласениот рапер, поради што во јавноста почнаа да се шират шпекулации за нивната поврзаност.
Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи, наводно треба да настапат на настанот на Канје Вест кој се одржува во Кина. Уште повеќе, Џеј Зи дава сè од себе за да ја „држи Бијонсе подалеку од очите на јавноста во овој период на драмата со Диди“, но сè уште ништо не е официјално потврдено.