More

    Светскиот топмодел Наоми Кемпбел на Инстаграм објави ретки фотографии со својата едногодишна ќерка

    spot_img

    Светскиот топмодел Наоми Кемпбел на Инстаграм објави ретки фотографии со својата едногодишна ќерка. Открила дека малечката ги направила првите чекори.

    „Мојата љубов, моето чукање на срцето и нејзините први чекори“, напишала манекенката во описот на објавените фотографии на кои ќеркичката ја држи за рака.

    Кемпбел не го покажува често своето дете. На почетокот на оваа година таа позираше со ќеркичката за британското издание на магазинот „Вог“. Таа по тој повод проговори за зачнувањето на детето и за мајчинството.

    „Моето девојче не е посвоено. Таа е мое дете. На прстите од едната рака можам да избројам колку луѓе го знаеја тоа. Таа е мојот најголем благослов и најдоброто нешто што ми се случило”, изјавила Наоми за „Вог“.

    Имено, откако манекенката лани објави дека станала мајка, многумина се изненадија. Претходно не навестуваше дека чека бебе, ниту пак, беше познато дали е во врска.

    Се шпекулираше и дека ќерката на Наоми ја родила сурогат-мајка, пишува британски „Сан“. Но, славната манекенка тоа никогаш не го потврди, ниту го откри идентитетот на таткото на нејзината ќерка.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img