Актуелниот светски првак во Формула 1, Макс Ферстапен (Ред Бул) победи на трката за Големата награда на Лас Вегас и ја забележа 18 победа сезонава во Ф1, а вкупно 53-та во кариерата.
Холандскиот возач мина прв низ целта пред Шарл Леклер од тимот на Ферари и својот тимски колега од Ред Бул, Серхио Перез , додека Французинот Естебан Окон во болидот на Алпин го освои четвртото место.
Во пласманот на конструктори, Мекларен се врати на четири бодови до Мерцедес во борбата за второто место, зад Ред Бул, кој од порано ја обезбеди шампионската титулата.
Трката во Лас Вегас која се возеше рано утрово по средноевропско време беше 21 и претпоследна во календарот за оваа сезона која ќе финишира идната недела во Абу Даби.