Светскиот ден на здравјето одбележан со донација за учениците во ООУ „Ѓорче Петров“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од денес, токму на Светскиот ден на здравјето, учениците со и без образовни потешкотии во ООУ „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров ќе може да работат во сензорната соба опремена со реквизити и стимулативните алатки, придружени од стручната служба и специјалниот едукатор и рехабилитатор.

Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин ја поддржаа реализацијата на сензорната соба, активност на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ која е финансиран од Европската Унија, а има за цел да ги подобри можностите за образование на децата со попреченост.

– Среќни сме што Фондацијата д-р Верица Механџиска, која во фокус на своето работење го става подобрувањето на квалитетот на живот на ранливата категорија на лица ја реализираше оваа соработка со помош на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ и заеднички успеа да ја опреми оваа сензорна соба. Благодарни сме на оваа заедничка соработка и веруваме дека со тоа во јавноста испраќаме важната порака, со заедничко вклучување придонесовме кон создавање на позитивни промени и вредности, не само за децата со попреченост, туку и за заедницата во целост – истакнаа претставниците на Зегин и фондацијата д-р Верица Механџиска.

На отворањето на сензорната соба присуствуваше и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој пред сè како лекар, го изрази своето задоволство и благодарност за подобрување на инклузивните капацитети и практики во општина Ѓорче Петров .

Реализацијата на сензорната соба е во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија, а го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

Share This Article