More

    Светски познтиот музичар Ашер настапи на полувремето од Суперболот, а обожавателите забележаа интересен детаљ кој предизвика дебата на интернет

    spot_img

    Светски познтиот музичар Ашер настапи на полувремето од Суперболот, а обожавателите забележаа интересен детаљ кој предизвика дебата на интернет.

    Иако во текот на настапот се пресоблече неколкупати, а во еден момент ја соблече и кошулата, Ашер цело време носеше ракавици.

     

    Постојат различни теории зошто ги носел ракавиците, а неговите обожаватели веруваат дека има посебна причина за тоа. Имено, во пресрет на својот настап на Супербол, Ашер им откри на обожавателите што можат да очекуваат од неговиот настап.

    – Размислувам што претставуваше нашата земја за црните уметници. Тие во некој момент морале да поминат низ кујните за да може воопшто да настапат пред публика, но мораа да се вратат низ истата таа врата и да одат во друга земја за да го направат истото – рекол Ашер.

    Поради таа изјава, обожавателите се убедени дека Ашер ги носеше ракавиците како почит кон кралот на поп музиката Мајкл Џексон. Ашер во текот на настапот смени неколку пара ракавици, а една од нив беше бела и светкава ракавица, слична на онаа што ја носеше Мајкл Џексон.

    Покојната поп ѕвезда често излегуваше на сцената носејќи само една бела ракавица, а обожавателите пишуваат дека Ашер со тоа му оддаде почит на Џексон. Некои дури напишаа како забележале дека Ашер имал слични танцови движења со Џексон во текот на неговиот настап на полувремето на Супербол.

    Инаку, Џексон имаше настап на полувремето на Суперболот во 1993 година и на тој начин ги постави стандардите за оние кои дојдоа по него. Тој настап беше прогласен за еден од најдобрите во историјата на НФЛ.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img