Светски познатиот рапер Шон Диди Комбс неодамна објави дека станал татко по шести пат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Светски познатиот рапер Шон Диди Комбс неодамна објави дека станал татко по шести пат. Тој на Твитер се пофали дека во семејството пристигнала принова, ќерката на Лов Шон Комбс, но не сакаше да открие која е мајката на девојчето.

Американскиот портал ТМЗ сега пренесува дека изводот на родените покажува дека бебето го добило името по таткото, а мајка му е 28-годишната Дејна Тран, експерт за сајбер безбедност. Девојчето е родено во октомври во Њупорт Бич, Калифорнија.

Од документот се гледа дека мајката и малото девојче Лов живеат во Јужна Калифорнија, но сѐ уште не се знае дали музичарот и 25 години помладата информатичарка се во врска ниту како се запознале.

Диди на почетокот на годинава потврди дека е во врска со раперката Јунг Мајами, но таа не му честиташе за раѓањето на третата ќерка. Впрочем, таа во својата објава на Твитер во врска со таа вест изјави дека „доживеала нервен слом“ со еден куп навреди на сметка на раперот, пренесува Јаху.

Инаку, Диди има шест поголеми деца од претходните врски. Тој го посвои Квинси, кој беше најстариот син на покојната сопруга Ким Портер. Поранешниот пар го има и синот Кристијан и ќерките близначки Џеси и Д’Лила. Диди има уште еден син Џастин со Миса Хилтон и ќерката Ченс, која ја доби со Сара Чепмен.

 

 

ФОТО: Инстаграм/Твитер

- Advertisement -
Ad image
Share This Article