Кендал Џенер беше вистинската атракција на роденденот на Лори Харви каде се појави во целосно проѕирен црн фустан.Познатата убавица Кендал Џенер не престанува да не изненадува со своите жешки комбинации.
Кендал беше една од гостите на 26-тиот роденден на нејзината пријателка Лори Харви.
Имено, таа овој пат го привлече вниманието во тесен црн проѕирен фустан на едното рамо, под кој не носеше градник. Поради ова, сите гледаа во нејзините бујни гради.
Црвениот цветен детаљ го стави околу вратот, а високата пунџа со свиткани шишки идеално го нагласи финалниот изглед.
На својот Инстаграм објави и видео на кое е расположена во огледалото во споменатиот аутфит.