Светската здравствена организација се надева дека утре ќе се отвори границата со Египет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дваесетте камиони хуманитарна помош кои беа обезбедени за Газа се само „капка од океанот“ од помошта која е неопходна, изјави доктор Мајкл Рајан, извршен директор на Програмата за итни здравствени случаи на Светската здравствена организација.

– Ќе се молам оваа вечер, и не се молам многу често, таа граница да се отвори утре – рече Рајан.

Светската здравствена организација го поздрави договорот со кој ќе се овозможи влез на 20 камиони со помош во Газа од Египет.

– Нашите камиони се натоварени и подготвени за тргнување – рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција. Тој изрази надеж дека помошта ќе биде испорачана утре и дека се чека отворањето на преминиот Рафа.

фото: МИА

Share This Article