Светска филмска елита доаѓа на Филмскиот фестивал во Венеција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Овогодинешниот 79. филмски фестивал во Венеција ќе биде домаќин на многу познати личности од 31 август до 10 септември.

Од актерите, потврдено е присуството на Пенелопе Круз и Кејт Бланшет, а од режисерите, Дарен Аронофски, Алехандро Инариту и Лука Гвадањино.

Во трката за престижниот „Златен лав“ за најдобар филм ќе се натпреваруваат 23 филма.

„Оваа година фестивалот е замислен како „прозорец отворен кон светот“,“ рече уметничкиот директор на Мостра, Алберто Барбера, во онлајн презентација, и притоа остро го осуди притворањето на тројца филмаџии во Иран.

Во конкуренција ќе биде филмот на еден од нив, Џафар Панахи, кој треба да одлежи шестгодишна затворска казна за „пропаганда против режимот“. Насловот на филмот е „Kherst Nistu“ („Мечките не постојат“).

Франција годинава е особено добро застапена со дури пет филмови во конкуренција – „Les enfants des autres“ („Деца на другите“) од Ребека Злотовски, „Un couple“ („Пар“) од Фредерик Вајсман, „Les miens“ („Мои“), семеен филм на Рошди Зем за бунт во предградијата и „Saint Omer“ („Свети Омер“) на Алис Диоп, прв филм за чедоморство.

Францускиот режисер и писател Флоријан Зелер им ги понуди улогите во неговиот филм „Le fils“ („Синот“) на Хју Џекман, Лора Дерн и Ентони Хопкинс.

Share This Article