Светска банка предупреди дека цените на суровините ќе растат поради војната на Блиски Исток

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ризикот од ширење на војната меѓу Израел и Хамас во регионот на Блискиот Исток може да доведе до уште поголем пораст на цената на нафтата, која за три недели од таа војна се зголеми за шест отсто, и до поскапување на другите суровини, како и на земјоделските производи, соопшти денеска Светската банка.

„Конфликтот на Блискиот Исток го зголемува влијанието на руската инвазија на Украина, која предизвика најголем шок на пазарот на суровини од 1970-тите“, потсети во соопштение главниот економист на Светската банка, Индермит Гил.

-Тие кои одлучуваат за политиката треба да внимаваат. Доколку конфликтот (меѓу Израел и Хамас) се интензивира, светската економија ќе мора да се соочи со двоен енергетски шок – предупреди тој.

Во случај на ограничено влијание на војната, цената на нафтата може да порасне за три до 13%, на 93-102 долари, во средно опасно сценарио, нафтата би можела да достигне цена во опсег меѓу 109 и 121 долар.

Во најлошото сценарио, нафтата би достигнала цена меѓу 140 и 157 долари, што би било потенцијално повисоко од историскиот максимум од 147,50 долари во 2008 година.

Share This Article