Светот е спасен од кризата со храна?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Официјални лица од Русија, Украина, Турција и ОН преговараа за продолжување на извозот на жито од Украина преку Црното Море. Тие се спогодиле да се формира координативен центар за обезбедување на безбедноста на рутите, објави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, додавајќи дека спогодбата ќе биде потпишана следната недела, јавува Ројтерс.

 Акар изјави дека сите страни се согласиле за заедничка контрола на житото во пристаништата.

 Дека има договор потврди и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

 „Неговата задача (на координативниот центар) ќе биде да изврши општ надзор и координација на безбедната пловидба во Црното Море. Ова ќе обезбеди извоз на украинско жито и ќе гарантира безбедност на храната за милиони луѓе ширум светот“, напиша тој на Твитер.

Договорот меѓу трите земји го поздрави генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. Тој изјави дека во разговорите меѓу претставниците на Русија, Украина, Турција и на ОН е направен „значаен, суштински чекор“ кон сеопфатен договор за обновување на црноморската рута за извоз на украинското жито.

– Се надеваме дека идната седмица ќе можеме да постигнеме конечен договор. Но, како што реков, потребна ни е уште многу добра волја и посветеност на сите страни – рече генералниот секретар пред новинарите во Њујорк.

Според неговите зборови, иако постои обостран ангажман кај Русија и кај Украина, „до мирот престои долг пат“.

Гутереш потврди дека договорот ќе биде потпишан наредната седмица за кога е предвидена нова средба на претставниците на сите страни во преговорите.

Share This Article