More

    Сведоштво на поранешен бизнис-партнер на ѕвездата, а сега бездомник

    spot_img

    Дејвид Либенсон, програмер кој заработувал милиони како автор на апликацијата „Кимоџи“, тврди дека западнал во финансиска криза откако почнал соработка со реалити ѕвездата Ким Кардашијан, па сега е финансиски уништен и живее во својот автомобил.

    Либенсон заедно со двајца колеги, развил цела палета емотикони со ликовите на семејството Кардашијан, што резултирало со илјадници преземања во секунда, а со тоа преку апликацијата се заработувало, како што тврди, милион долари во минута.

    Меѓутоа, деловните партнери на реалити ѕвездата не заработиле пари, иако нивниот проект постигнал огромен успех, поради недоразбирање меѓу Ким и нејзиниот адвокат.

    Програмерите се откажале од понатамошниот развој на апликацијата „Кимоџи“, а потоа Либесон ја тужеше најпопуларната старлета и побара 300 милиони долари, тврдејќи дека таа му ја украла идејата и побегнала со заштитниот знак што тој го создал, пишува „Дејли мејл“.

    Ако ме удри автобус утре, сакам светот да ја дознае вистината за семејството Кардашијан – изјавил Либенсон за „Дејли мејл“.

    Тој вели дека бил принуден да се откаже од тужбата бидејќи неговите трошоци за адвокати биле огромни, што му го уништило неговиот личен живот.

    – Буквално спијам во мојот автомобил. Ја изгубив сопругата, децата ме обвинуваа, тешко им беше на училиште, тогаш беа тинејџери и го идеализираа тоа семејство – изјави Либесон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img