Свечено отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта, нејзиното 38 мо издание, кое оваа година е посветено во сеќавање на Ѓорѓија Целески, основоположникот на ликовната колонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Синоќа свечено беше отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта, нејзиното 38 мо издание, кое оваа година е посветено во сеќавање на Ѓорѓија Целески, основоположникот на ликовната колонија.

Градоначалникот Ногачески поздравувајќи ги учесниците на Ликовната колонија и присутните гости истакна дека 38–те години творештво на колонијата покажуваат дека Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку највисок културен дострел на Белчишта , како седиште на општината и на општина Дебрца.

Основоположниците на колонијата пред 40 тина години можеби и самите не биле свесни дека создале културна рожба , која денес е блескаво културно наследство и уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство.

Општина Дебрца останува партнер на новото раководство на уметничката колонија во нејзините заложби да се врати стариот сјај на една од најстарите ликовни колонии во Македонија.

Share This Article