Свечено отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка – Општина Дебрца

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вчера во село Белчишта свечено беше отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка.  Изложбениот центар е дел од проектот “Подобрување на конзервацијата  на приоритетните растенија во прекуграничната област”,conse-pp, проект кој општина Дебрца го имплементираше со своите партнери од Македонија и Грција,со средства обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција и во чии рамки беше реконструиран и опремен стариот објект во центарот на село Белчишта,каде е сместен Изложбениот центар.

Во Центарот преку текстови, фотографии и примероци од растенија и животни прикажани се многу сегменти од флората и фауната, со кој располага Белчишкото Блато, најголемото блато, сочувано во неговата оригинерна  форма

Градоначалникот Зоран Ногачески изрази  голема благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија,која финансиски ја помогна реконструкцијата и опремување на објектот, во кој е сместен Изложбениот центар како и US FOREST Service.

Градоначалникот Зоран Ногачески изрази  благодарност и до Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”, Охрид,кое заедно со општината годиниве работеше на повеќе проекти за Белчишкото Блато, од кои најзначајни се тие за изготвување на целокупната документација за оправданоста за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје,во категорија “Парк на природата”,постапка која е во тек. Тимот на “Екотуризам 2016”, на чело со Ѓоко Зороски и општинскиот тим се погрижија  за креирање на сите содржини внесени во центарот.

Со отворањето на Центарот општина Дебрца добива уште еден атрактивен простор,преку кој се репрезентира дел од природното богатство на Дебрца,кое е дел од светското природно наследство.

Крајно, нашата заложба е Изложбениот центар да биде дел од промовирањето на Белчишкото Блато до сите засегнати чинители /туристи,посетители,ученици,стручна јавност/, а Белчишкото Блато да го добие заштитениот статус и по националната регулатива и како идно европско заштитено подрачје, во рамките на Натура 2000. Наша обврска останува да се обезбеди негово одржливо управување,зачувување на неговиот заштитен статус,но и негово искористување како атрактивна туристичка дестинација.

- Advertisement -
Ad image

Изложбениот простор ќе може да се посети секој работен ден од 8:00 часот до 14:00 часот  со предходна најава во општина Дебрца на телефон 046/286-855

Share This Article