More

    СВЕЧЕН КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ-ЛЕТЕН

    spot_img

    Прекрасно музичко уживање приреди оперската пејачка Илина Митревска, која во придружба на проф. Андреј Наунов вчеравачер одржа свечен концерт во чест на празникот Свети Климент Охридски -летен.

    Пред писутните гости, во катедралната црква „Света Софија“  свое обраќање имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

    Concert08082024012 Доделена ни е честа и привилегијата, во оваа прекрасна августовска вечер, во прегратките на древниот Охрид, овде, во уникатниот амбиент на еден од најубавите црковни храмови, да ја почуствуваме уметноста и преку музика да го прославиме летниот празник, посветен на нашиот светител, нашиот заштитник Свети Климент Охридски.

    Искрено се радувам што Општина Охрид воведува една убава традиција на креирање на културни настани, преку кои го чествуваме ликот и делото на големиот просветител и го чуваме богатото културно наследство.

    Свети Климент Охридски е столбот на нашата духовност и просвета, најзначајната личност во историскиот развој на македонската писменост и култура. Неговата посветеност на љубовта и духовното издигнување ни служи како патоказ и денес, потсетувајќи нѐ на вистинските вредности кои треба да ги негуваме и почитуваме.

    Насловот на овој прекрасен настан „Ако љубов немаш ништо не си“ во целост ни ја доловува смислата светиклиментовото учење и неговите проповеди дека „само љубовта е патот до совршенството и спасението, темелот на секој добродетел и почетокот на секое добро дело“.

    Нека овие пораки бидат наши водилки кон подобро утре и вечен потсетник дека љубовта е таа која ни дава сила и не прави вистински среќни.

    Ви посакувам пријатна вечер исполнета со убава музика и инспирација, а на ценетите уметници им упатувам искрена благодарност што не удостоија со својот музички талент.

    Нека е за многу години празникот, нека е вечно името на Свети Климент Охридски, нека е вечен Охрид, нека е вечна Македонија!, истакна Божиновски во своето обраќање.

    Заедно со многубројната публика, концертот го проследи и претседателот на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

    Свечениот концерт беше во организација на Општина Охрид како дел од овогодинешната културна програма.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img