Најмалку 71 лице загина откако свадбена поворка излета од пат во јужна Етиопија, соопштија во понеделникот локалните власти, јавува Anadolu.
Во несреќата што се случи доцна во неделата на пат кон куќата на невестата, загина и младоженецот.
Регионалната полициска комисија извести дека камионот што ја превезувал свадбената веселба излетал од патот и паднал во реката.
„Во несреќата загинаа 68 мажи и три жени, а уште две лица се тешко повредени“, соопшти полициската комисија.
Надлежните соопштија дека неколку од повредените и понатаму се во критична состојба и се згрижени во Општата болница Бона.
Надлежните истакнаа дека е вообичаено луѓето да патуваат со камиони во регионот. Сепак, несреќите често се случуваат поради лошите услови на патот.