Свадбената поворка тајно снимена и покрај предупредувањето од полицијата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Се ожени Ахмат Кадиров, 17-годишниот син на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Неговата сопруга е наводно Тамила Махматова, но за невестата не се знае многу.

По повод венчавката, во главниот град на Чеченија, Грозни беше организирана раскошна прослава, а за свадбената поворка непречено да помине низ градот, улиците беа испразнети од жители. Исто така, никој не смеел да ја снима свадбената веселба.

Но сепак, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа колона луксузни автомобили. За снимањето била потребна голема храброст, бидејќи пред свадбата полицајци ги посетуваа куќите и го предупредуваа населението за забраната.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин лично му ја честиташе венчавката на Ахмат Кадиров, едно од 14 деца на Кадиров.

Како што беше објавено во септември 2022 година, Сергеј Кравцов, рускиот министер за образование, ја поддржа иницијативата за именување на тогаш 16-годишниот Ахмат Кадиров за претседател на советот за деца и млади „Движење на првиот“. Министерот Кравцов тогаш ветил дека на секој можен начин ќе го поддржи Кадиров помладиот.

„Тоа беше неофицијална средба на која внукот на првиот претседател на Чеченија разговараше со Путин за политиката кон младите во тој регион“, се наведува во изданието.

На крајот од средбата Путин му честиташе на Кадиров за претстојната венчавка.

Патем, во Северен Кавказ сè уште постои обичај да се венчаат многу млади. Иако малолетниците не можат да стапат во брак според руските прописи, локалните власти можат да одобруваат бракови уште на 16 години. Но, во Чеченија сè уште има случаи на брак на 14-годишна возраст.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article