Сузбиена организирана криминална група која вршела продажба на кокаин, амфетамин и марихуана

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 20.05.2023 во утринските часови во координирана и заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица Тигар, СВР Штип, ОВР Кочани, ОВР Берово и СВР Струмица сузбија криминална организирана група која препродавала кокаин, амфетамин и марихуана на подрачјата на Штип, Кочани, Виница и Берово. Криминалната група подолг период работела на препродажба на наркотични дроги на овие подрачја и имала логистичка поддршка од полициски службеник од ОВР Берово, кој им помагал со давање информации.

Во текот на криминалистичкото истражување во април и мај 2023 година веќе биле обезбедени докази и биле запленети марихуана и амфетамин за што кривично се процесуирани две лица во Скопје и едно во Виница, кои издржуваат мерка притвор. Инаку, вчера со судска наредба биле извршени претреси на осум локации на наведените подрачја. Кај лицето Б.И.(38) од с.Грдовци биле пронајдени околу 10 килограми марихуана, амфетамин, дигитална вага, повеќе мобилни телефони и патничко возило кое го користеле за препродавањето на дрогата. Кај лицето Н.Ј.(49) од с.Чифлик била пронајдена марихуана. Кај К.М.(37) од Кочани била пронајдена марихуана и мобилни телефони. Претреси биле извршени и кај лицата К.К.(44) од с.Чифлик, Г.А.(43) од Виница, Х.М.(22) од с.Банско и С.П.(35), кај кого биле пронајдени марихуана, кокаин и дигитална вага. Исто така, во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, бил извршен претрес и во домот на полицискиот службеник А.К.(38) од Берово и биле одземени три мобилни телефони и два компјутери. Лицата се лишени од слобода и во координација со јавен обвинител против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Share This Article