Денеска (24.11.2023) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции и ОВР Струга, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во којa беше сузбиена повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Струга, едно лице од Охрид и еден албански државјанин (кој престојува во Струга), кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје.
Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија на претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 36 локации во Струга, Охрид и во Затвор Скопје, при што од слобода се лишени 19 лица, додека по три лица се трага, а едно лице од претходно е во затвор. Кривично пријавени се вкупно 23 лица за кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје. При лишувањето од слобода и при извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени оружје, муниција од различен калибар, кокаин, марихуана, пари, патнички моторни возила, мобилни телефони и други предмети. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе кривична пријава против 23 лица и тоа, против В.Е. (32), Д.Е. (30), Љ.Ц. (37), Е.П. (38), Б.Х. (27), Е.Р. (20), К.Л. (52), Х.К. (43), И.Б. (35), А. Ж. (27), Е.Б. (25), Б.Ѓ. (27), Д.С. (35), С.Д. (29), М.Т. (38), Е.О. (21), К.З. (21), Ф.Џ. (26), Д.У. (76), Г.Т. (43), А.Ж. (46), С.Т. (37) и С.Н. (44) за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции“ од чл.215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичен законик. За време на спроведеното криминалистичко истражување утврдено е дека целта на формирањето на организираната криминална група е стекнување на противправна имотна корист која произлегува од извршените кривични дела, а во текот на истрагата во повеќе различни случаи документирани се продажби на наркотична дрога, оружје и муниција. Во временскиот периодот од јануари 2023 година до ноември 2023 година, В.Е. како организатор и Д.Е., Љ.Ц. и Е.П. заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога (кокаин, марихуана, масло од марихуана и хашиш) се здружиле и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на наркотичната дрога, кои нелегални активности во делот на продажбата ги вршеле заедно со останатите пријавени лица, кои дејствувале во групи. Кокаинот го продавале по цена од 60 до 100 евра за еден грам, додека маслото од канабис го продавале по цена од 40 евра од кубик. Исто така, во наведениот временски период заради неовластено набавување, држење и продавање на поголемо количество огнено оружје и муниција, како група се здружиле лицата Г.Т., А.Ж., Д.С., С.Т., С. Н., Е.О..