More

    Сузбиена 12-члена организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости

    spot_img

    Во повеќе градови низ земјава на над 20 локации вчера беа извршени претреси, при што беше сузбиена огрганизирана криминална група од 12 членови за кои се вели дека се шверцери на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност.

    – Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со секторите за внатрешни работи, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција при што сузбиена е 12-члена организирана криминална група, која подолг временски период  делувала на подрачјата и околината на Прилеп, Струмица, Пробиштип, Неготино, Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Кочани, инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости – се вели во соопштението од МВР.

    Како што информираат од министерството со судски наредби извршени се претреси на вкупно 27 локации кај 23 лица, при што пронајдени и привремено се одземени разни археолошки предмети, монети, метални предмети, фигури, метал детектори и опрема за метал детектори, скици, оружје, муниција, дрога, ваги и природни реткости, по што 11 лица се лишени од слобода, а по едно се трага.

    – Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство по спроведените претреси и пронајдени предмети како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази на 12.12.2022 против 12 лица: С.Џ.(47) од с.Канатларци, прилепско, З.А.(39) од с.Зубово, Ново Село, Т.А.(58) од Пробиштип, Н.М.(48) од Струмица, Д.Р.(36) од Василево, Р.З.(27) од с.Банско, М.А.(31) с.Мокрино, Ново Село, Д.П.(37) од Ново Село, М.Џ.(37) од с.Канатларци, Г.К.(44) од Ваташа, М.С.(42) од с.Банско и И.С.(47) од с.Коњух, кратовско, поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување” по член 394 став 1, „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости” по член 264, „прикривање” по член 261 став 3, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости” по член 265, „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости” по член 266 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи  по член чл.396 ст.1 од Кривичниот законик – информираат од МВР.

    Пријавените С.Џ. и З.А., во периодот од декември 2021 до декември 2022 година, со цел стекнување на противправна имотна корист создале злосторничко здружение во кое како членови за целиот временски период или повремено партиципирале останатите кривично пријавените лица. Целта на формирањето на оваа добро организирана и строго контролирана криминална група била стекнување на противправна имотна корист која произлегува од извршените кривични дела, присвојување и изнесување во странство на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости.

    – Пријавените организатори и членови на злосторничкото здружување, во наведениот период континуирано разменувале информации за локалитети, метал детектори и други апарати и алати, нуделе на продажба пронајдени предмети, вршеле истражувања на различни локации со цел пронаоѓање и ископување на археолошки предмети на повеќе локации низ државата кои ги продавале на заинтересирани лица во државата и во странство – стои во соопштението од министерството.

    Како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, дополнително, при извршените претреси, кај две лица, кои не се дел од организираната криминална група, констатирани се две кривични дела, за кои против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Имено, кај С.Р.(78) од с.Обедник, демирхисарско, пронајдени се ловна пушка и муниција кои ги поседувал без дозвола и против него ќе биде поднесена пријава по чл.396 ст.1, додека кај В.С.(61) од Куманово пронајдени се марихуана, вага и природни реткости и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори” по член 215 став 1,  „прикривање” по член 261 став 3 и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости” по член 265, сите од Кривичниот законик.

    Од Јавното обвинителство известуваат дека пронајдените археолошки предмети, иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, ги присвојувале и ги прикривале во нивите домови или на непознати локации. Откако ќе пронашле заинтересирани купувачи од земјата и странство предметите ги продавале, односно посредувале при продажба со непознати припадници на групата по потекло од соседните земји и САД. Овие непознати лица биле купувачи или посредници во име на заинтересирани купувачи на добра со археолошко односно историско значење и добрата ги нуделе и ги продавале за договорен износ што прво и второосомничениот го определувале. По постигнување на договор околу цената, прво и второосомничениот дозволувале доброто неовластено да се продаде и без дозвола од надлежен орган да се изнесе надвор од границите на Р.С. Македонија.

    Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Р.С. Македонија, со исклучителна вредност. Со преземените дејствија при што добра со исклучителна вредност трајно ги отуѓиле на штета на Р.С. Македонија, осомничените и непознатите припадници на групата сториле трајна штета за археолошкото, историско, музејско и уметничко истражување на надлежните државни и научни институции.

    Предметниот обвинител ценејќи дека за седуммина од осомничените се исполнети условите за определување на мерката притвор му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им определи мерка притвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img