Суспендиран е наставникот, дисциплинска постапка за четворица

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека од лични и морални причини оставка поднел директорот на општинското основно училиште во кое се случи обид за силување на ученик  од страна на двајца негови соученици.

На негово место, веќе е именуван нов ВД директор.

Стојкоски информираше  дека е формирана комисија која ќе поведе дисциплинска постапка против четворица вработени, а суспендиран е одговорниот наставник за одделението. По утврдувањето на одговорноста на секој од нив, зависно од дејствијата кои ги презеле или ги пропуштиле, соодветно ќе бидат санкционирани.

„Изразувам жалење и најсилна осуда за немилиот настан во едно од нашите ООУ, во која се инволвирани ученици од најмалите одделенија. Информираме дека сме во постојана комуникација од моментот на пријавување на настанот со сите инволвирани институции, МВР, МОН, социјалните служби и Обвинителството“, рече Стојкоски.

Тој додаде дека општината и училиштето соодветно ги презеле сите мерки согласно Законот за основно образование и Законот за наставници и стручни соработници, како и согласно Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученици жртви на насилство, злоупотреба и занемарување.

МВР вчера објави дека завчера во период од 11 до 15 часот, во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, ученикот бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои се обиделе да извршат полово дејствие врз него со цврст предмет.

Случајот во полицијата го пријавил таткото на ученикот.

Share This Article