More

    „Суперсекс“ за животот и „подвизите“ на порнолегендата Роко Сифреди

    spot_img

    На Нетфликс ќе се емитува „Суперсекс“, серија за најпознатиот порно актер во историјата Роко Сифреди.

    – Роко Сифреди е икона, тој е пенисот на западната култура. Пенисот е во фокус на мислата во овој фалоцентричен систем. Што можете да сторите денес за да го сфатите односот меѓу мажите и жените? И како да се стават мажите пред сликата на својот симболичен пенис за да се деконструира сето тоа – вели директорка на драмата на Нетфликс „Суперсекс“ Франческа Маниери.

    Роко Сифреди снимил повеќе од 1.300 филмови за возрасни, но се повлекол од сексот пред камера во 2004 година. Пет години подоцна се вратил во акција, па повторно се пензионирал во 2022 година.

    Во „Суперсекс“, Роко Тано е момче кое расте на крајбрежјето на италијанскиот град Ортона, па бргу станува ѕвезда во филмовите за возрасни. Името „Роко Сифреди“ го добил според ликот на Ален Делон во гангстерскиот филм „Борсалино“ од 1970 година. Инаку, ликот на порно легендата Сифреди го игра Алесандро Борги.

    „Имаш семејство, жена и деца, па никогаш не престануваш да се прашуваш дали си постапил правилно или не“, рекол Сифреди за својот живот и му потекле солзи.

    За познавачите на овој жанр, Сифреди, заедно со Џон Холмс и Рон Џереми, е еден од најзначајните мажи во порнографијата.

    „Суперсекс“ е женски проект, а Маниери е феминистка. Таа сака длабоко да нурне во сржта на машкоста додека го открива животот на легендите на порнографските филмови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img