Супер ќелија во Италија остави зад себе дупнати куќи и автомобили (ВИДЕО)

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Суперќелијата уништи и делови од Италија, а зад себе остави дупнати куќи, покриви и автомобили поради град.

Цивилната заштита на провинцијата ФВГ објави фотографии од катастрофалните штети предизвикани од невремето во Италија.

Од силината на град оштетени се куќи и покриви. Станбените згради беа буквално прободени.

Бранот на невремето зад себе остави паднати дрвја, куќи без покриви, уништени автомобили, оштетувања на електричната и телефонската мрежа, јавуваат локалните медиуми.

Огромна штета е причинета ноќта од понеделник кон вторник во силна бура со грмотевици во близина на езерото Гарда во Италија.

Силната суперќелија во близина на Порденоне беше придружена со град со големина до 11 сантиметри во Ацано Децимо. Иако силните грмотевици не се невообичаени во регионот, град со оваа големина е невообичаен.

 

Share This Article