Сунак спроведува план за намалување на бројот на доселеници

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Велика Британија воведува поригорозни мерки за добивање на работна виза со цел да се намали бројот на легални мигранти во земјата. Една од мерките што се преземаат во таа насока е планот за зголемување на минималната плата за една трeтина што мора да ја заработат за квалификувана работа.

Високите нивоа на легална миграција доминираат на политичката сцена во Велика Британија повеќе од една деценија и беа клучен фактор во гласањето за напуштање на Европската унија на референдумот во 2016 година.

Премиерот Раши Сунак вети дека ќе стекне поголема контрола врз миграцијата откако пратениците од неговата Конзервативна партија ги критикуваа неговите резултати по ова прашање пред изборите што се очекуваат следната година. Опозициската Лабуристичка партија во моментов има големо водство во анкетите.

Стопанствениците и синдикатите ги оценија мерките како контрапродуктивни за приватниот сектор и државната здравствена служба, која страда од недостиг на работна сила.
Минатата година во Велика Британија се доселиле 745.000 повеќе луѓе отколку што се иселиле. Нивото на имиграција остана еднакво високо од тогаш и мигрантите се главно од земји како Индија, Нигерија и Кина, наместо од ЕУ како што беше случајот претходно.

Министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли рече дека новите мерки би можеле да го намалат тој број за 300.000.

– Имиграцијата е превисока. Денес преземаме радикални мерки за да ја намалиме – рече Сунак.

Клеверли рече дека владата ќе ја зголеми минималната плата што странските квалификувани работници мора да ја заработуваат на 38.700 фунти (околу 45.100 евра) годишно, што е значително зголемување од сегашните 26.200 фунти (30.536 евра). Од ова ќе бидат изземени здравствените и социјалните работници.

Другите мерки вклучуваат забрана за странски здравствени работници да носат членови на семејството во Велика Британија со својата виза, зголемување за 66% на партиципацијата што мигрантите мора да ја платат за да користат здравствени услуги и зголемување на минималниот приход за семејните визи.

Share This Article