More

    Сунак: Секој кој илегално ќе влезе во Велика Британија ќе биде спречен да остане

    spot_img

    Секој кој илегално ќе влезе во Велика Британија ќе биде спречен да остане, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак.

    Во интервју објавено во весникот „Мејл oн сандеј“, Сунак рече дека очекува следната недела да биде усвоен нов закон за регулирање на ова прашање.

    Под притисок на законодавците да се најде решение за мигрантите кои илегално доаѓаат во Велика Британија со мали чамци преку каналот Ламанш, Сунак го вклучи ова прашање во пет клучни приоритети.

    – Немојте да погрешите, бидејќи ако дојдете овде илегално, нема да можете да останете – рече Сунак.

    Новиот закон за решавање на ова прашање треба да биде усвоен во вторник, пренесоа британските медиуми.

    Само минатата година повеќе од 45.000 луѓе влегле во Велика Британија преку опасниот канал Ламанш.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img