More

    Султанот од Брунеи сака да ја купи вилата на Берлускони

    spot_img

    Султанот од Брунеи сака да ја купи вилата на Силвио Берлускони на италијанскиот остров Сардинија, објавија италијанските медиуми.

    Имотот неодамна беше ставен на продажба по цена од 300-500 милиони евра од наследниците на Берлускони. Вилата Чертоза е огромна палата со градини со големина од 80 тениски игралишта, со поглед на море и со амфитеатар.

    Султанот од Брунеи, Болкија (77), чие богатство се проценува на околу 30 милијарди долари, бил заинтересиран за имотот во кој престојувале влијателни државници како Џорџ Буш, Тони Блер и Владимир Путин.

    Интерес за вилата изразиле и милијардери од САД и арапските земји, како и хотелски групи кои сакаат да ја претворат во луксузен ресорт.

    Султанот од Брунеи, пак, ја сака како подарок за едно од неговите 10 деца, за неговиот 32-годишен син Абдул Матин, кој неодамна се ожени. Неговата венчавка траела 10 дена на брод за крстарење кој патувал низ Медитеранот и застанал на островот Сардинија.

    Берлускони почина во јуни минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img