Сулејмановиќ пред си го одземе животот се вклучи во живо на Инстаграм

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Серискиот убиец Нермин Сулејмановиќ, кој денеска уби најмалку три лица во Градачац, се самоубил пред очите на полицијата, откако таа го лоцирала, дознава Кликс.ба.

Претходно бодибилдерот Сулејмановиќ, кој е осомничен дека ја убил сопругата додека пренесувал се во живо на Инстаграм, штотуку им се обрати на своите следбеници во живо додека полицијата трага по него.

Тој признал дека при бегството убил уште две лица, татко и син, бидејќи му се испречиле на патот.

– Пукав во полицаецот но тој побегна од мене, не можев да го фатам. Бебето е безбедно. Предупредив дека ќе дојде до ова, но никој не ме разбра сериозно. Не сум дете за некој да крие бебе од мене и ме пријавува во полиција. Сакав само семејство, сега ќе има бебе без двајцата родители – изјави Сулејмановиќ за време на директен пренос на Инстаграм.

Во еден момент ги замолил своите следбеници да му кажат колку луѓе всушност убил, бидејќи е сигурен за жената и уште двајца, но не е сигурен за полицаецот.

 

 

– Ова не се мои први убиства, но луѓето не ме сфаќаат сериозно. Не зборувам многу, но овој пат ги предупредив сите по ред дека ќе дојде до ова. Осум дена го криеше моето дете – рекол бодибилдерот, а се претпоставува дека се мисли на неговата сопруга.

Пред да оди во живо, тој им рече на следбениците: „Имам повеќе луѓе да убивам, само да наполнам!“

- Advertisement -
Ad image

Потерата по него е во тек, специјалци се на терен.

Осомничениот бил член на нарко-бандата на Емир Коџаг.

Полицијата апелираше до граѓаните да не се движат, да се засолнуваат, да не излегуваат на улица бидејќи осомничениот сѐ уште е во бегство.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article