Судскиоте Совет повеќе нема да биде терен за тајни договори

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за правда Игор Филков во интервју за МКД осврувајќи се на реформската агенда и законите кои се подготвени од Министерството за правда вели дека во целост се исполнети сите рокови, а за некои дури и е завршено порано.

– Нашата работа не се мери со декларативни заложби, туку со конкретни резултати. А фактите говорат дека сите закони кои се дел од реформската рамка се подготвени или се во финална фаза на усвојување. Еден од клучните закони е новиот Закон за Судски совет каде воведуваме јасни критериуми, отворени постапки, и механизми за одговорност. Прецизирани се условите за членство, се уредува разрешувањето, се зајакнува транспарентноста. Ова е удар на клиентелизмот. Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност. Законот е испратен на мислење на Венецијанската комисија – потенцира Филков.

На ЕНЕР е објавен и Предлог-законот за јавното обвинителство каде за прв пат се предвидува посебен буџет.

– Ако некој обвинител до вчера зависел од политичка волја за ресурсите, утре тоа ќе заврши. Обвинителството ќе добие своја фискална независност. Тоа не е само финансиска мерка – тоа е институционален штит. Исто така, се гарантираат транспарентни постапки за избор и дисциплински механизми. Ова е нов почеток. Во план-подготовка се и предлог Законот за судски буџет, предлог Законот за Советот на јавни обвинители, предлог Законот за јавнообвинителска служба, измени на Изборниот законик, со поддршка на ОДИХР, закони со кои се регулираат платите на судиите, јавните обвинители, и јавно обвинителската служба (рок јуни 2025), Закон за помилување, Закон за вештачење, Закон за нотаријат, Закон за извршување, Закон за пробација, Закон за извршување на санкции, Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, Закон за заштита на лични податоци – посочува министерот Филков.

Во однос на Изборниот законик, министерот вели дека се прават подготовките, се иницира процес, но мора да има политичка зрелост. Сепак треба да се има предвид дека изборното законодавство бара широк политички консензус и тука ќе треба конструктивен пристап и поддршка од клучните политички фактори во земјата. Нешто кое за жал во досегашните изборни циклуси резултираше со дискрепанци меѓу нацрт верзијата на законот подготвена со поддршка на ОДИХР и усвоениот законик од страна на Собранието.

Во однос на прашањето- зошто има разлика во роковите – едни рокови се наведени во Реформската агенда, други во Годишната програма на Владата, министерот за правда Игор Филков појаснува дека реформската агенда предвидува до кога Собранието мора да го донесе законот – тоа е крајниот рок за целосно усвојување. Од друга страна, Годишната програма на Владата го определува рокот до кога Министерството треба да го изготви законот и да го достави — најпрво до ЕНЕР (системот за јавни консултации), па потоа до Владата. Ова е начин да обезбедиме доволно време за јавна расправа, мислења од Венецијанската комисија, владини процедури и собраниски дебати.

Филков е убеден и верува дека ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.

– Верувам – и тоа не само како министер, туку како граѓанин. Правда и одговорност нема да дојдат сами по себе, тие се резултат на напорна, доследна и искрена работа. Нашата обврска е да ги поставиме стандардите, да обезбедиме транспарентност, но и да бидеме гласни кога има злоупотреби. Граѓаните заслужуваат институции кои функционираат, судови кои судат, правично и обвинителства кои дејствуваат неселективно. Тоа не е идеализам – тоа е наша задача. И ќе ја завршиме – порача министерот за правда Игор Филков.

Share This Article