Судскиот совет ја разочарал амбасадорката

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мандат на Судскиот совет е да обезбеди правилно и транспарентно функционирање на судството во оваа земја. Со жалење можам да кажам дека видовме малку докази за исполнувањето на овие свети обврски, вели амбасадорката на САД во Скопје, Ангела Агелер, за случувањата во Судскиот совет.

За случувањата во Судскиот совет и постапувањето на ова тело во однос на политичките притисоци врз Врховниот суд, Агелер во изјава за Алсат, вели дека граѓаните заслужуваат подобро.

– Мандат на Советот е да обезбеди правилно и транспарентно функционирање на судството во оваа земја. Со жалење можам да кажам дека видовме малку докази за исполнувањето на овие свети обврски. Луѓето во оваа земја заслужуваат подобро. Сè уште не сум ја видела одлуката на Апелациониот суд да ги отфрли обвиненијата во случајот „ТНТ“, но внимателно ќе ја испитаме со надеж дека одлуката ќе биде транспарентна и во согласност со законот – рече Агелер во изјава за Алсат.

Share This Article