More

    Судскиот совет го избра за претседател на Граѓански суд

    spot_img

    Судијата Бесник Авдија е избран за претседател на Основен граѓански суд – Скопје на денешната 463. Седница на Судски совет, и покрај анонимната претставка која вчера беше доставена до Советот, во која анонимниот испраќач тврди дека судијата Авдија е фатен во наводен љубовен скандал со вработена во судот. Со пријавата беше поднесена и видео-снимка од која наводно тоа се потврдува.

    Судскиот совет на днешната седница, на која беа избрани нови претседатели во пет основни судови, го избра судијата Бесник Авдија со 11 гласа „за“. Членовите на Советот образложија дека за него нема постапка, нема кривична одговорност и дисциплинска повреда за да гласаат против. Тие оценија дека тој го поминал тестот за интегритет.

    Судијката Мери Радева рече дека за Авдија има позитивна оценка и ги исполнува сите други услови предвидени со закон. За секс-снимката рече дека датира од 2019 година и тоа не е причина да не биде избран, кога нема утврдени факти, а сè уште не е расправано по претставката поднесена од анинимното лице.

    – Доколку се утврди дека има некакви причини за да не ја врши таа функција Советот ќе постапува – рече Радева.

    Судијката Антоанета Димовска, рече, кажа дека тој бил единствен кандидат кој ги исполнува сите услови и лично, гледајќи ја снимката, не може да кажае дека тоа би било пречка за негов избор, а нема постапка за детално да се испита.

    На изборот на Бесник Авдија за претседател на Основниот граѓански суд Скопје реагираше партијата „Левица“ нарекувајќи го „контроверзна личност“.

    „Судскиот совет за нов претседател на Граѓански суд Скопје го избра судијата Бесник Авдија, кој беше единствениот кандидат. За единствениот кандидат, кој има две години искуство во Судот, нема никаква професионална биографија во медиумите, а и на сајтот на судот нема ниту негова фотографија. Единствената вест за овој судија се двете претставки кои се поднесени против него од граѓанин, а за наводна љубовна афера во просториите на Судот, за која постоеле и снимки“ – пишува Левица.

    Судскиот совет соопшти дека на денешната седница за претседател на Основен суд Неготино беше избрана судијката Билјана Толова, исто така единствен кандидат.

    За претседател на Основен суд Кичево Советот го определи судијата Футурије Дервиши, еден од тројцата кандидати пријавени на огласот заедно со Амдије Зенгул и Билјана Кижевска.

    Во Основен суд Крива Паланка едногласно беше избран судијата Орце Јанковски како единствен пријавен кандидат и со 12 гласа „за“ во Основиниот суд во Штип беше избран судијата Ацо Тасев.

    На дневен ред на денешната седница на Судскиот совет било и определување на ВД претседатели на Виш Управен суд, Основен граѓански суд Скопје, Основен суд Кичево и Основен суд Неготино, како и одлука за утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img