Судскиот совет на денешната седница донел одлука за постапката за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити, иницијатива која се однесува на постапувањето на судијата за притворот на поранешниот војник на ОВК, државјанин на Косово, Блерим Рамадани, неофицијално дознава Алсат М.
Првата иницијатива за утврдување одговорност кај судијата Пајазити беше отфрлена од советот поради немање доволно докази.
Одлуката е донесена на затворена седница и без присуство на новинари, објави телевизијата.