More

    Судската администрација протестира за повисоки плати

    spot_img

    Членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) од судската администрација од цела држава, денеска протестираат во Скопје со барање за зголемување на платите за 78 проценти и враќање на додатоците на плата.

    Протестот почна пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија, продолжи со краткотрајни собири пред Собранието и Министерството за правда, по што учесниците се упатија пред Владата.

    По почетокот на протестот, од Синдикатот упатија пораки за достоинствени плати и предупредија дека без нив не може да функционира судството.

    – Судската служба повторно е на улица. Пред почетокот на судската ферија само скопските судови излеговме на двочасовен протест и побаравме 78 проценти покачување на плата и враќање на додатоците на плата како што тоа го добија функционерите. Денеска членовите на Синдикатот на УПОЗ и други вработени кои не се членови од сите судови во државата се во Скопје. Овие луѓе што се тука собрани морале да се борат за секое право што го имаат добиено – во 2002 година 80 дена штрајк, во 2016 година – 60 дена штрајк, сега од 2.000 вработени во судовите 1 000 вработени се тука во Скопје и ако тоа не е доволна порака за надлежните да го слушнат нашиот глас не знам што ќе биде – изјави Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, на собирот пред ССМ.

    Деановски порача дека со исполнување на нивното барање за зголемување на платата за 78 проценти, никој од вработените нема да ја надмине просечната плата, туку само ќе се доближи до неа. Просечната плата на администрацијата од судовите со зголемувањето од 10 проценти што стартува со платата за септември ќе биде околу 24.000 денари.

    – Работата во судовите е тимска. Доколку еден вработен не си ја заврши работата судијата нема да може да донесе пресуда. Идната недела и колегите од државното правобранителство најавија штрајк. Колегите од обвинителствата вчера започнаа штрајк. Ако колегите од судовите, луѓето што се тука и тие започнат штрајк ќе се парализира целото правосудство. Мора да се разбере дека не може да се живее и не е фер еден во судовите да зема огромна плата, а нашите плати во однос на нивните да бидат во размер 1:6 до 1:7 – изјави Деановски.

    Тој информираше дека поради штрајкот во Обвинителство, веќе се одложуваат случаите и се работат само итни и неодложни предмети, предмети кај кои има притвори, претреси и предмети каде што има жалби и треба да се запазат роковите.

    Членството на УПОЗ по денешниот протест дополнително ќе одлучи за идниот начин на делување, дали ќе штрајкуваат или ќе излегуваат пред судовите.

    Протестен марш денеска од пред Кривичен суд во Скопје до Министерството за финасии организираа и Независниот синдикат на судската администрација и Синдикатот на затворската полција, со истите за зголемување на платата и враќање на додатоците на плата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img