Откако вчера Европскиот судот за човекови права во Стразбур донесе пресуда во корист за Миле Јанакиески, за незаконските притвори за случаите „27 април“ и „Шпански скали“, неговиот адвокатски тим најавува дека очекува Судот да се произнесе позитивно и за уште жалба што ја имаат поднесено, пишува порталот Република.
Се работи за случајот „Титаник“, за кој Јанакиески е осуден на 3 и пол години и за кој веќе издржува затвор. Адвокатот Влатко Илиевски смета дека има основа за уште една позитивна одлука за притворите кои беа одредувани за овој случај.