More

    Судот во Каталонија објави дека на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш ќе му се суди за сексуален напад, кривична категорија која во Шпанија вклучува силување

    spot_img

    Судот во Каталонија објави денеска дека на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш ќе му се суди за сексуален напад, кривична категорија која во Шпанија вклучува силување.

    Алвеш, кој е во притвор од јануари оваа година, е обвинет за сексуален напад кој, наводно, го извршил во ноќен клуб во Барселона во декември лани.

    Доколку биде прогласен за виновен се соочува со затворска казна од шест до 12 години.

    Датумот на судењето сè уште не е прецизиран, соопшти судот.

    Поранешниот бразилски репрезентативец и фудбалер на Барселона, Јувентус и ПСЖ се очекува да остане во притвор до почетокот на процесот, бидејќи судот веќе во два наврати го одби неговото барање привремено да биде пуштен на слобода.

    Алвеш во својата фудбалска кариера освои 40 трофеи, а најмногу успеси имаше во дресот на Барселона во кои освои 23 трофеи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img