Габриел Бајрам, син на покојниот пратеник Амди Бајрам, доби нови 30 дена притвор. Тој останува во затворот „Скопје“ во Шутка, каде беше однесен пред една недела, дознава „Скопје1.мк“.
Тој е осомничен дека сторил насилство, а Обвинителството во Скопје смета дека може да избега и да биде недостапен за правосудните органи.
Кривичниот суд смета дека ова е исправно и дека постојат основни сомневања кои го потврдуваат ставот на Обвинителството. Ова значи дека Бајрам ќе остане во притвор до септември. Големо влијание на судската одлука за продолжување на притворот е тоа што Габриел Бајрам е осудуван. Тој и порано бил пријавуван за слични дела, но ги повторувал истите.