Американските медиуми се полни со наслови со коментарот „Иванка, најди си бејбиситерка“ кој на социјалните мрежи Американци го упатуваат кон ќерката на поранешниот претседател Доналд Трамп. Иванка пробала да го одложи своето сведочење во суд во врска со измамата за која се товари нејзниот татко. За причината зошто сака да го одложи исказот таа рекла дека ќе има тешкотии ако сведочењето се одржи во текот на една училишна недела, пишува Њузвик.
Иванка алудирала дека на нејзините деца ќе им треба нејзината поддршка Судот го одбил нејзиното барање. Обвинителите додадоа дека таа сè уште е „финансиски и професионално дел од Организацијата Трамп“. Иванка Трамп се приклучи на компанијата во 2005 година, но ја напушти во 2017 година за да стане советник на Белата куќа кога татко ѝ беше избран за претседател. Иванка не е обвинета во случајот поради застарување на делото, но е повикана за сведок.
Според обвинителството, Иванка Трамп била „главна точка на контакт и преговарач со Дојче банк“ за три заеми од висок профил, кои се во центарот на случајот во кој Трамп е обвинет дека, заедно со своите двајца возрасни синови, фалсификувал даночни книги за намерно да ја зголеми вредноста на својот имот и со тоа да добие поволни услови за заем и полиса за осигурување.
Предметот го иницираше обвинителката Летиција Џејмс со тужба од 250 долари. Трамп негираше дека сторил нешто лошо, обвинувајќи ја Летиција Џјмес дека започнала политички мотивирана кампања против него.
Поранешниот претседател, кој ја започна својата кандидатура за 2024 година претходно оваа година, е фаворит за прелиминарните избори на Републиканците со голема разлика пред неговите ривали.