Судот го одби барањето на Амбер Херд за ново судење против Џони Деп

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Судот во Вирџинија во средата го одби барањето на Амбер Херд (36) за поништување на судењето во нејзината правна битка со нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп (59).

Имено, нејзината жалба е одбиена бидејќи не била поткрепена со „легитимни причини“.

Адвокатите на актерот Џони Деп претходно изјавија дека „нема легитимна основа“ за жалбата на неговата поранешна партнерка со цел покренување нова судска постпак во повеќемилионскиот случај за клевета.

Адвокатите на Херд побараа повторно судење по тврдењата за „несоодветна служба на поротникот“, велејќи дека исходот не бил поткрепен од доказите презентирани за време на шестнеделното судење во Ферфакс, Вирџинија, но тоа барање на крајот било одбиено.

Да потсетиме, Деп ја тужеше својата поранешна партнерка за авторски текст од 2018 година што таа го напиша за „Вашингтон пост“. Опишувајќи ги своите искуства во текстот, таа тврди дека како жена преживеала семејна злоупотреба. Адвокатите на Деп рекоа дека написот лажно го обвинува актерот дека е злоставувач.

Судот во Вирџинија, иако ја отфрли нејзината жалба, нагласи дека Херд и понатаму може да поднесе жалба на пресудата.

ФОТО: Твитер

Share This Article