Два товарни брода се судрија северозападно од грчкиот остров Кефалонија, по што еден се запали, изјави портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопиос.
Засега нема информации за повредени. Судирот предизвикал пожар на португалскиот брод, но се верува дека пожарот е помал, јавуваат грчките медиуми.
Артопиос рече дека португалски брод со 11 членови на екипажот се судрил со малтешки брод со 12 членови на екипажот.
На местото на настанот се испратени бродови и крајбрежната стража.