More

    Судиите штрајкуваат во Словенија поради платите

    spot_img

    Словенечките судии почнаа двонеделен предупредувачки штрајк поради непочитување на одлуката на Уставниот суд, кој оцени дека платите на судиите не се во согласност со платите во извршната и законодавната власт и се прениски. За време на протестот ќе биде ограничена работата на судовите. Судијата ќе одлучува за откажување на поединечни рочишта, од случај до случај, што не значи дека ќе бидат откажани сите судски рочишта, пренесува СТА.

    „Платите на судиите се толку ниски што има повреда на принципот на независност на судството и принципот на поделба на власта“, наведуваат судиите.

    Уставниот суд на Словенија во јуни минатата година оцени дека платите на судиите се прениски, што е во спротивност со принципот на независност на судството и поделба на власта. Судот им даде на извршната и законодавната власт шест месеци да обезбедат усогласеност со уставот. Тој рок истече на 3 јануари.

    Во соопштението подготвено од словенечкото здружение на судии по повод штрајкот, меѓу другото се нагласува дека Владата и Собранието ја игнорираат одлуката на Уставниот суд со која се штити независноста на судството од извршната и законодавни овластувања, со што ја злоупотребуваат својата моќ.

    Судиите бараат веднаш да се обезбедат пристојни материјални услови за самостојна работа на судиите и усогласување на позицијата на судиите со позицијата на претставници на законодавната и извршната власт.

    И Здружението на државните обвинители на Словенија очекува Владата и Парламентот веднаш да ја спроведат одлуката на Уставниот суд. Доколку тоа не се случи, обвинителите ќе штрајкуваат овој или следниот месец.

    Владата, сепак, инсистира платите на судиите да се решаваат како дел од поширокиот пакет реформа на платите во јавниот сектор, за кој, иако се зборуваше со месеци, неодамна беше одложен поради високите трошоци за реконструкција по поплавите во Словенија.

    Министерката за правда Доминика Шварц Пипан во изјава за медиумите вети дека одлуката на Уставниот суд за платите на судиите ќе се спроведе, но со задоцнување. Таа ги окарактеризира очекувањата на судиите како легитимни, но истовремено праша дали е најсоодветно штрајкот да го користат како средство за остварување на нивните права и интереси и повика на дијалог.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img