Судиите не можат да се договорат која кандидатка ќе ја наследи Кацарска

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Уставниот суд денеска пропаднаа уште два обида на продолжението на седницата на која требаше да се избере нов претседател на Судот.

Како што соопштија од Судот, во два наврата се гласало за избор меѓу истите кандидатки од вчерашната седница, судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, но ниту една од кандидатките не го добила потребното мнозинство.

„Денеска продолжи постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. Во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство. Со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни“, стои во соопштението од Уставниот суд.

Вчера имаше четири неуспешни обиди за избор на претседател на Уставен суд.

Новиот претседател на Уставен треба да ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истекува в недела, на 2 јуни.

Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.

Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.

Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.

- Advertisement -
Ad image

Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

Share This Article