Д.Л.(35) од Битола вчера попладне пријавил во СВР Битола дека на фудбалско игралиште во село Горно Оризари, битолско, каде што бил судија на фудбалски натпревар, физички бил нападнат од службено лице од една од екипите.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира СВР Битола.